Струмичанецот Капсаров големо засилување за нападот на Пелистер

21-годишното десно крило Костадин Капсаров е нов фудбалер на битолски Пелистер. Левоногиот фудбалер во битолскиот тим доаѓа од редовите на Брегалница.

Роден во Струмица, Капсаров потекнува од фудбалската школа на Академија Пандев (подоцна Брера), а потоа играше во Беласица и Детонит. Во јануари оваа година се сели во Брегалница.

Не доби многу шанса за настап во штипскиот тим, и сега го облече дресот на Пелистер, како засилување за второлигашката конкуренција, и враќање на прволигашките патеки по само една сезона пауза.