Десет пелистерци повикани во репрезентација за стартот на евро-квалификациите

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи за претстојната ЕХФ недела. На списокот се наоѓаат ракометари на Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Мирче Калајџиевски, Жарко Пешевски, Самоил Ристевски, Мартин Серафимов, Ненад Белистојаноски и капитенот Филип Кузмановски.

На списокот на Лазаров се наоѓаат следниве ракометари:

Голмани: Мартин Томовски, Васил Гогов, Никола Митревски, Иван Галевски и Марко Кизиќ.

Леви бекови: Филип Кузмановски, Димитро Хориха, Павле Атанасијевиќ, Филип Талевски и Емилијан Ѓоргоноски.

Средни бекови: Марко Митев, Дамјан Митев, Мирче Калајџиевски и Мартин Ивановски.

Десни бекови: Давид Савревски, Мартин Велковски, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов и Филип Николов.

Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Марио Стојановски, Цветан Кузманоски, Иван Џонов и Гоце Ојлески.

Десни крила: Алксандар Петковски, Ален Ќосевски, Никола Костески и  Ненад Белистојановски.

Кружни напаѓачи: Самоил Ристевски, Милан Лазаревски, Марко Стојковиќ и Жарко Пешевски. 

Овие 35 ракометари ќе конкурираат за настап на квалификациските натпревари за Европското првенство 2028, на 4 ноември со Луксембург во Скопје и на 8 ноември со Грција на гостински терен.