Кошаркарите на Пелистер се подготвуваат за претстојниот натпревар против Скопје 2023, а американскиот кошаркар Си-Џеј Вилсон ги истакна очекувањата на битолскиот состав пред новиот предизвик.
Вилсон посочи дека подготовките се насочени кон подобрување на одбраната и максимално отежнување на играта на противникот. Пелистер ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и да стигне до нова победа.
„Се подготвуваме за натпреварот, работејќи на одбраната. Треба да направиме на противниците да им биде што е можно потешко. Како и за секој натпревар, се подготвуваме за битка, а очекувањата се секогаш да победиме и да го одбраниме домашниот терен“, изјави Вилсон.
Натпреварот помеѓу екипите на Пелистер и Скопје 2023 се игра во недела од 19:00 часот.





