Две големи засилувања за Пелистер волеј: Потпишаа МекГи и Жевлакова

Новиот член на одбојкарскиот шампионат на Македонија, битолски Пелистер волеј засилено се подготвува за официјалниот старт на сезона, Клубот вчера ги претстави двете супер засилувања ова лето. Во клупските простории Алина Жевлакова од Белорусија и Шајник МекГи од Соединетите Американски Држави ги потпишаа договорите со што го официјализираа својот едногодишен престој во Битола.

Утре екипата на Пелистер волеј заминува во Србија, каде се предвидени контролни натпревари секој викенд до крајот на месецот. На 20 и 21 септември Пелистер волеј го организира својот годишен турнир, на кој свое учество ќе земат една екипа од Србија како и два македонски прволигаши.

Од клубот најавуваат и промоција на екипата кон средината на следната недела.