Во просториите на кошаркаскиот клуб Пелистер се одржа прес-конфетенција на која директорот Филип Ивановски, тренерот Борче Даскаловски и засослувањето Андреј Митревски зборуваа за ростерот, плановите и новата сезона.
„Сакам да се заблагодарам на раководството на клубот за укажаната доверба и големата одговорност, пред мене и моите играчи се големи очекувања бидејќи клубот постави високи стандарди. Целта за домашната сцена – целта е да се донесе еден трофеј. Ростерот е направен со шест странци, со квалитетот и нивото на играчи што може да ги донесете во Македонија, се надевам дека не само Пелистер, туку и сите други клубови во иднина ќе се пријавуваат за учество во европските натпреварувања, што ќе биде само плус за македонската кошарка. Можам да ветам квалитетна работа и борба, тоа што секогаш и секаде сум го правел, верувам дека успехот нема да изостане. Она што сакам да го гледам е атлетицизам и на двете страни од теренот, успеавме да донесеме таков тип на играчи, верувам дека ќе успееме да играме онака како што сакаме, но секако ќе ни треба малку време за да се воиграме бидејќи сепак се направени значителни промени во тимот“, истакна Даскаловски.
Во првото коло од новата сезона Пелистер на 4/5 октомври гостува кај Работнички





