Во организација на ВК Пелистер 15 мај, во домот на моликата – реткиот чувар на планината и вечен симбол на издржливоста, се одржа годинешното Државно ридско друмско првенство во велосипедизам.
Патеката во прегратките на прекрасната природа беше вистинска арена каде младоста и искуството се преплетоа во борба со времето, падините и сопствените граници. Со топло срце и отворена поддршка, одличен домаќин беше националниот парк Пелистер, кој уште еднаш потврди дека е место каде што спортот и природата чекорат заедно!
Најуспешни во своите категории:
Сениори:
- Марјан Тасевски (ВК Пелистер 15 Мај)
- Аријан Абдиу (ВК Феникс Сајклинг)
- Мемед Мемеди (МВК Велес)
У23:
- Александар Милошевски (ВК Вело-М)
- Јован Паневски (ВК Крос Сајклинг)
- Андреј Маџоски (ВК Херој)
Јуниори:
- Константин Костоски (ВК Херој)
- Кирил Анчевски (ВК Крос Сајклинг)
- Никола Ристески (ВК Пелистер 15 Мај)
Кадети:
- Мартин Спасевски (ВК Оксижен)
- Влатко Алексов (МВК Велес)
- Стефан Маџоски (ВК Мастерс)
Мастерс:
- Влатко Лозаноски (ВК Херој)
- Сенад Идризи (ВК Феникс Сајклинг)
- Валери Јованчев (ВК Вело-М)
Сениорки:
- Елена Петрова (ВК Инвиктус)
У15 (машка конкуренција):
- Марко Чекеровски (ВК Оксижен)
- 2.Александар Ристовски (МВК Велес)
- Христијан Николиќ (МВК Велес)
У15 (женска конкуренција)
- Оља Цветанова (ВК Крос Сајклинг)
- Бера Кализи (ВК Адреналин Сајклинг)
- Михаела Наумовска (ВК Пелистер 15 Мај)
У13 (машка конкуренција):
- Дамјан Петров (МВК Велес)
- Александрос Јанакопулос (ВК Пелистер 15 Мај)
- Акмар Капроли (ВК Адреналин Сајклинг)
У13 (женска конкуренција):
- Зерен Кализи (ВК Адреналин Сајклинг)





