Тони Мицевски – фудбал – најдобар меѓу најдобрите во Битола за 1994 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


1994 – ТОНИ МИЦЕВСКИ НАЈДОБАР ЗА 1994 ГОДИНА

Во финишот на декември 1994 година, СОФКА-а за најдобар спортист за тековната година го прогласи фудбалерот на „Пелистер” Тони Мицевски. За најуспешна екипа беше прогласена женската ракометна екипа „Пелистер-Тат”. Промоцијата на најдобрите со пригодна свеченост повторно беше организирана во ресторанот на хотелот „Битола”.

Откако Претседателството СОФК-а ги разгледа пристигнатите предлози од страна на клубовите и предлогот на комисијата, донесе одлука титулата спортист на Битола за 1994 г. да му ја додели на фудбалерот на „Пелистер” и македонски репрезентативец Тони Мицевски. Притоа се имаше предвид дека Тони Мицевски веќе подолго време e еден од најдобрите фудбалери не само на Битола, туку и во Македонија. Со своите Тони игри извонредни Мицевски стандарден репрезентативец и селекторот Андон Дончевски не можеше да ја замисли селекцијата на Македонија без него.
СОФК-а второто место и го додели на шахистката Ирена Богоевска, член на шк ,,Стево Патако” и прва табла на шаховската репрезентација Македонија, која неодамна учествуваше на Олимпијадата во Москва каде што од десетте можни освои шест поени.

На третото место се пласира младиот ракометар на ,,Пелистер”, Иван Марковски, стандарден репрезентативец на младата ракометна репрезентација на Македонија и еден од најдобрите стрелци.

Четвртото место й припадна на битолската атлетска газела Верица Димитровска која беше најдобра на кусите патеки во Републиката и беше стандардна репрезентативка. Димитровска со голем успех се претстави на меѓународните атлетски натпревари во Шведска и Португалија, каде што со своите резултати потврди дека е раскошен талент.

Билјана Чурлевска-Маневска, ракометарка на „Пелистер- Тат”, се пласира на петтото место. Беше една од најзаслужните за високиот пласман на својата екипа и стандарден член на женската ракометна репрезентација.

Шеста беше младата гимнастичарка Даниела Силјановска, која е севкупен победник во Македонија и има освоено пет први места.

Младиот кошаркар на „Пелистер”, Зоран Петковски, се најде на седмото место. Зоран е стандарден член на кадетската репрезентација на Македонија која успешно ги помина квалификациите во Германија и се пласира за првенството во Унгарија.

Членот на кунг-фу клубот „Битола”, Миодраг Станковиќ, го освои OCMOTO место. Тој е државен првак за 1994 г. во категоријата до 75 кг., освојувач на сите први места на мечевите што се одржаа оваа година во Републиката и учесник на Европското првенство.

Деветтото место од ранг-листата на најдобрите спортисти на Битола за 1994 г. му припадна на младиот и талентиран скијач Александар Стојановски којшто во оваа година ги освои сите први места на скијачките натпревари во Републиката, а со успех ја претставуваше Битола и Македонија и на меѓународните натпревари во Турција, Италија и Австрија.

На десеттото место се пласира младиот автомобилист Владе Николовски, член на СМД „Битер”.

За најуспешна екипа беше прогласена женската ракометна екипа на „Пелистер-Тат”. Второто место му припадна на ДТВ „Партизан”, а третото на Фудбалската школа на „Пелистер”.

Посебни признија им беа доделени на тренери, селектори, млади и талентирани надежи и на ветерани. Меѓу наградените беа: Пеце Смилевски и Борко Тромбев од ДТВ „Партизан”, тренерот на ЏК,,Пелистер”, Ѓуро Илиќ, и тренерот на кунг-фу клубот „Битола”, Златко Неделковски. Од младите надежи, признанија добија: Бобан Димитровски (гимнастика), Зоран Мишевски (шах), Сашо Бурниќ ( џудо) и Билјана Попрцова (тенис).

Ранг-листа на најдобрите спортисти за 1994 г.

  1. Тони Мицевски ( фудбал)
  2. Ирина Богоевска (шах)
  3. Иван Марковски (ракомет)
  4. Верица Димитровска (атлетика)
  5. Билјана Чурлевска-Маневска (ракомет)
  6. Даниела Силјановска (гимнастика)
  7. Зоран Петковски (кошарка)
  8. Миодраг Станковиќ (кунг-фу)
  9. Александар Стојановски ( скијање)
  10. Владе Николовски (автомобилизам)

Три најдобри екипи за 1994 г.

  1. „Пелистер-Тат” ( ракомет)
  2. ДТВ „Партизан”
  3. Фудбалска школа на ФК „Пелистер”