Пеце Котевски – боди билдинг – најдобaр меѓу најдобрите во Битола за 2008 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


2008 – ПЕЦЕ КОТЕВСКИ – ПО ТРЕТ ПАТ

На тронот на најуспешните за 2008 година повторно се искачи билдерот Пеце Котевски. Изборот на најдобрите спортисти се одржа во средината на февруари 2009 година во ресторанот „ „Белведере”. Оваа година беа доделени и повеќе признанија и беше прогласена за година на надежите, зашто во сениорска конкуренција годината беше исклучително „посна” и на ранг-листата, наместо десет, се најдоа само тројца спортисти.

  1. Пеце Котевски (боди билдинг)
  2. Никола Бакалов (кик-бокс)
  3. Јованка Лозановска (кошарка)

Најдобриот спортист на Битола за 2008 година, Пеце Котевски, немаше конкуренција за пласман на врвот. Во оваа година беше првак на државата, победник на меѓународна манифестација во Белград и четврт на светското првенство во Германија. Овие резултати повторно го донесоа на врвот на ранг- листата на најдобрите спортисти на Битола, манифестација што традиционално се организира, од 1964 година наваму, без прекин.
Кик-боксерот Никола Бакалов со пласманот на второто место потврди дека во подем се боречките спортови кои особено меѓу младите стануваат сé попопуларни. Бакалов високиот пласман на ранг-листата го обезбеди по освојувањето на второто место на Балканскиот шампионат.

Кошаркарката Јованка Лозановска од КК „Пелистер” беше главен носител во женската кошаркашка екипа која токму во оваа година бележеше виден подем.

Најуспешни екипи за 2008 г.
1.ФК „Пелистер”, екипа која обезбеди пласман на третото место во домашното првенство и учество во УЕФА купот.
2.КК,Пелистер”, жени, за обезбедување место во плејофот.
3.СК РЕК „Битола”, за пласман на второто место BO Македонија.

Ако кај сениорите одвај се избраа тројца најдобри, во конкуренција на надежи имаше вистинска трка. Бидејќи сите кандитати со своите резултати беа исти, комисијата на Сојузот на спортови одлучи да нема рангирање, туку надежите да се набројат според слободен избор:

  • Александар Соколов (куглање)
  • Иванчо Крстевски ( гимнастика)
  • Мартина Шипинкаровска ( гимнастика)
  • Валентино Апостоловски-
  • Ана Стојчева (мод. танци)
  • Дарко Ристевски ( џудо)
  • Тамара Трајковска (стрелаштво)
  • Билјана Нечовска (стрелаштво)
  • Филип Стојановски (стрелаштво)
  • Владимир Жоглев ( карате)
  • Ема Трајковска ( карате)
  • Симона Стојановска (кошарка)

Најдобри екипи во младинска конкуренција:

  1. РК,,Пелистер”
  2. ДГС „Партизан”
  3. СК РЕК „Битола”

На свеченоста посебни признанија им беа доделени на:
Оливера Наковска за учество на параолипијадата во Пекинг и добитник на Спортскиот оскар на Македонија за 2008 година и спортскиот клуб „Кока” при ОУ „Коле Канински” кој, исто така, беше добитник на Спортскиот оскар во конкуренција на осумгодишни училишта.

Признанија им беа доделени и на педагозите по физичко воспитување:
Соња Белџигеровска
и Драган Талев

Исто така, признанија им беа доделени и на Драган Ѓурчинов, директор на АСМ, и Борче Боев, секретар на АСМ, за придонес во развојот на спортот во Македонија и Битола.

Посебно признание му беше доделено и на долгогодишниот спортски новинар и познат спортски работник од Битола, Димче Миновски, за особен придонес за развојот и афирмацијата на спортот во Битола.