Ракометната Федерација на Македонија продолжи со реализацијата на уште еден зацртан проект – „Ракометниот караван 2025“, која има за цел да го доближи ракометот до љубителите на спортот низ целата земја и да го промовира ракометот како спорт број 1 во државата. Викендов караванот беше во Битола.
„Почетокот на квалификациониот циклус на женската сениорска федерација и утрешниот натпревар во Битола, Македонија и Словенија, и секако нашиот трет ракометен караван се поводите пораки кои сме во Битола. Овој ракометен караван е промоција на ракометот низ цела Македонија со цел да мотивираме што повече дечиња од 6 до 12 години да започнат да се занимаваат со ракомет, односно ракометната магија да ја внесеме во нивниот живот и што повече да го популаризиме овој спорт. Како следна фаза, предвиена со оваа акција, е отворање на ракометни школи каде во градовите каде е потребно“, рече генералниот секретар на федерацијата Влатко Тасевски.
Овој караван беше посебен момент дечињата да бидат заедно со нивните идоли, во Битола – Филип, Никола, Петар и Павле.
Децата ги препознаваат нивните ракометни идоли и ги скандираа нивните имиња. За сеќавања на овој настан РФМ им додели подароци.





