Ален Рустемовски загуби во европското финале и со сребро се враќа во Битола

Македонскиот боксер Ален Рустемовски го освои сребрениот медал на Европското првенство во бокс за млади сениори до 23 години во Ереван, Ерменија, во организација на ЕУБЦ. Битолчанецот Рустемовски во финалето се судри со силен противник Лурли Аветијан од Русија. Борбата беше рамноправна, сепак против побрзите контри на противникот, нашиот боксер не можеше да парира. Русинот секогаш контрираше со еден-два комбинација, а Ален покажа техничка подговтеност и со најголемите да се бори на ниво.

Овој медал претставува само уште еден стимул за македонскиот боксер, кој има амбиции следната година да настапи и на Светското првенство, кое ќе се одржи во соседна Бугарија.

Ален Рустемовски и натаму продолжува да импресионира со своите одлични настапи. Неговиот брат Адријан од Ереван се враќа со бронза, така што, семејството Рустемовски во Битола ќе донесе два европски медали.