Еурофарм Пелистер не беше на нивото на задачата против ПИК Сегед како на првиот натпревар што се одигра во Битола. Актуелниот македонски првак на гостински терен беше совладан со убедливи 35-20 за шести пораз сезонава.
Роналд Миклер беше лидерот во редовите на унгарскиот состав, мечот го заврши со 18 одбрани.
Краток коментар за мечот имаше Ник Хенигман, кој во минатото го носеше дресот на ПИК Сегед.
„Убаво беше пак да се вратиш во Сегедин, тука имав четири прекрасни години. Убаво беше што пак ги видов навивачите и старите пријатели. Околу мечот, не бевме доволни силни да ја оствариме целта. Нашата одбрана не функционираше, а Роланд Миклер имаше страшен ден. Нашите потешкотии беа очигледни, мора да работиме на нив“, изјави Хенигман.
Еурофарм Пелистер останува во борба за следната нокаут-рунда на ЛШ, а главен ривал е ГОГ Гудме од Данска кој има една победа повеќе.





