Пролетниот дел од Втората лига, екипата на Новаци ја започна со убедлива победа. Во Прилеп домашниот тим на Победа се појави на терен и прими пет гола од Новаци (0-5).
Стефан Јовановски (два гола), Лука Лисолајски, Христијан Драгарски и Марко Лозановски стрелци во победата на Новаци во Прилеп.
Лидер останува Охрид со 39 бода, еден повеќе од Шкендија Арачиново, а Брегалница со овој кикс е на само еден бод позитива од четвртопласираниот Скопје. Беласица останува петта со 31 бод, а Новаци е шести со 30 бода.
Во следното коло Новаци на домашен терен ќе го пречека Кожуф.





