Гордана Цветковска Бошевска – кик-бокс – најдобра меѓу најдобрите во Битола за 2011 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


2011 – ГОРДАНА, ПАК – НАЈДОБРА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ

За спортист на Битола во сениорска конкуренција за 2011 година, на прославата одржана на 17 февруари 2012 година, хотелот „Епинал”, пак беше избрана Гордана Цветковска Бошевска. За најуспешна сениорска екипа беше прогласена екипата на РК „Пелистер – 08.”
Прогласувањето на најдобрите спортисти во хотелот „Епинал“, во присуство на голем број спортисти, спортски работници и вљубеници во спортот започна со прогласувањето на најуспешните педагози по физичко воспитување.

Овојпат, признанија добија професорите Весна Велјановска и Томе Долов.
За најуспешно осумгодишно училиште на полето спортските активности беше прогласено осумгодишното училиште „Елпида Караманди” кое во оваа година беше најуспешно училиште во спортот и во Македонија.

Признанијата за најуспешни тренери и селектори отидоа во рацете на:

  • Звонко Шундовски (ракомет)
  • Тони Бошевски ( кик-бокс)
  • Кире Грбевски (фудбал)

За најуспешни млади екипи беа прогласени:

  • РК „Пелистер -08″
  • ТК „Степ”
  • ФК „Пелистер”

За разлика од сениорите, Комисијата за избор на најдобрите спортисти имаше полни раце работа при одлучувањето на кои млади и надежни спортисти да им се оддаде признание. На крајот беше одлучено признанија да добијат дури 18 млади спортисти што значеше дека се стимулираат надежите од кои допрва треба да се очекуваат поголеми резултати. На листата на младите спортисти, кои добија признанија, се најдоа:

  • Дино Бошњак (гимнастика)
  • Никола Гулевски (мото-крос)
  • Симона Дрогришки ( кошарка)
  • Александар Жоглев ( карате)
  • Љубица Илиевска ( гимнастика)
  • Ана Ивановска (стрелаштво)
  • Мартин Ивановски (стрелаштво)
  • Милена Крстевска (спортски танци)
  • Димитар Кимовски ( спортски танци)
  • Филип Макаловски (џудо)
  • Марија Марковска (тенис)
  • Ивана Михајловска ( фудбал)
  • Татјана Петковска ( џудо)
  • Иван Симоновски ( пливање)
  • Сара Стојановска ( кошарка)
  • Александар Талевски ( карате)
  • Елена Цветановска ( кошарка)
  • Мартина Поповска ( кошарка)

За најуспешни екипи беа прогласени:

  1. РК „Пелистер – 08″
  2. ФК „ТОП-ГОЛ”
  3. МК „Мотостарс”

Комисијата, ако може така да се каже, „беше принудена” и овојпат титулата најдобар спортист на Битола да и ја додели на Гордана Цветковска Бошевска. Фактите, односно постигнатите резултати беа на нејзина страна. Според критериумите, се вреднуваа резултати остварени на светски, европски првенства, олимпијади, балкански натпревари, меѓународни средби, државни првенства итн. Гордана, според критериумите, доби најмногу поени. Беше втора на светското првенство во Скопје, освои прво место на балканското првенство, повторно беше државен првак и од Федерацијата за кик-бокс пак беше прогласена за најдобар кик- бокс борач во Македонија.

На ранг-листата на најдобрите за оваа година понатаму следуваа:

  1. Игор Тосковски (ракомет)
  2. Борче Костов (мото-крос)
  3. Мартина Боглева ( фудбал)
  4. Иван Крстевски (гимнастика)
  5. Тања Велјановска ( атлетика)
  6. Ана Котевска ( кошарка)
  7. Бојан Крстевски ( кик – бокс)
  8. Филип Ивановски (ракомет)
  9. Тони Магловски ( фудбал)

За најдобар спортист на Битола од Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди беше прогласена Оливера Наковска- Бикова. Оливера навистина имаше импозантни резултати: Светски куп (Шпанија), финале, воздушен пиштол и финале малокалибарен пиштол. Светски куп (Австрија), финале, воздушен пиштол второ место и финале малокалибарен пиштол. Учество и резултати на државни првенства, резултати кои ѝ ги отворија вратите за учество на параолимписките игри во Лондон – 2012 г.