(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)
2012 – ОЛИВЕРА НАКОВСКА-БИКОВА ПРИЗНАНИЈА КАКО РЕТКО КОЈ ДРУГ
Освојувањето на златниот медал на Параолимпијадата и втемелувањето на новиот светски рекорд во Лондон, Оливера Наковска-Бикова ја вивнаа во висините на спортското небо. Крајот на минатата и почетокот на 2013 година, практично, минаа во нејзин знак. Освои бројни награди и признанија, ги наполни витрините со пехари, дипломи и медали, но и акомулаторите за следните предизвици. Тоа што го направи Оливера, досега не било во долгогодишниот спортски живот на Република Македонија. Сојузот за спортови Битола без размислување, Оливера Наковска Бикова ја прогласи за спортист на Битола за 2012 година.
Изборот на најдобрите спортисти за 2012 година, во организација на Сојузот на спортови и под покровителство на градоначалникот на Битола, м-р Владимир Талески, по пауза од неколку години, повторно се одржа во ресторанот „Белведере”, но овојпат во присуство на рекорден број спортисти, спортски работници и граѓани на Битола.
Во отсуство на претседателот на Сојузот на спортови г. Силјан Мицевски, присутните на традиционалната манифестација, која без прекин ce одржува по 48 пат, ги поздрави потпретседателот на Сојузот на спортови, Ѓуро Илиќ, а од името на градот и граѓаните на Битола, градоначалникот м-р Владимир Талески.
За избор на најдобрите поединци во сениорска и младинска конкуренција и за избор на најдобрите екипи, до Сојузот на спортови пристигнаа предлози од над триесетина клубови и спортски асоцијации. Комисијата на Сојузот за спортови на два – три наврати имаше полни раце работа. За листата на десетте најдобри спортисти во сениорска конкуренција учествуваа 13 кандидати, но беше задоволство кога до Сојузот пристигнаа и над триесетина имиња и презимиња на млади спортисти. Откако комисијата ги разгледа предлозите, ги состави ранг-листите кои без корекции и дополнувања, беа прифатени и од Управниот одбор на Сојузот на спортови.
Ранг-листа на најдобрите сениори за 2012 г.
- Оливера Наковска-Бикова – стрелаштво
- Гордана Цветковска – Бошевска – кик-бокс
- Борче Костов – мотоциклизам
- Мартина Боглева – фудбал
- Јонче Илиевски- алпинизам
- Ана Котевска – кошарка
- Иван Крстевски – гимнастика
- Игор Тосковски – ракомет
- Томче Китановски фудбал
- Николче Соколовски – стрелаштво
Најдобри млади спортисти за 2012 г.
- Никола Гулевски, мотоциклизам
- Дејан Дамевски, кик-бокс
- Валон Арифи, џудо
- Милена Крстевска – Димитар Кимовски, модерни танци,
- Ѓорѓи Кузмановски, атлетика
- Емилија Трајковска, стрелаштво
- Мила Мандиќ, кошарка
- Ана Ивановска, стрелаштво
- Стефани Скерлевска, фудбал
- Стефан Дрогришки, ракомет
- Иван Симоновски, пливање
- Мартин Тодоровски, пливање
- Рахела Марковска, кошарка
- Мартин Мирчевски, фудбал
- Димитра Јовановска, кошарка
Манифестацијата почна со изборот на најуспешните педагози по физичко воспитување за 2012 година. Признанија добија:
Соња Белџигеровска од ОУ „Елпида Караманди”
Борко Тромбев од ОСУ „Таки Даскало”
Признанија, исто така, им беа доделени на:
ОУ,,Коле Канински” и
СДУ,,Таки Даскало” за остварени најдобри резултати на ноќната атлетска трка, организирана по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.
Посебни признанија добија и:
Тодор Кулевски, долгогодишен фудбалски работник
ПСК „Пелистер”, за придонес за развојот на скијачкиот спорт
За најуспешни тренери во 2012 г. беа прогласени:
Звонко Шундовски, селектор на ракометната репрезентација на Македонија.,
Кире Грбевски, тренер на ЖФК „Топ -гол” и
Тони Бошевски, тренер на Кик-бокс клубот „Самурај “
Најдобри екипи во младинска кункуренција за 2012 г.
ЖФК „Топ-Гол”, освојувач на младинскиот куп за 2012 година под раководството на тренерот Кире Грбевски.,
ФК „Пелистер”, освојувач на купот на Македонија под водството на тренерот Науме Шапковски и
РК „Пелистер – 08″, за освоено второ место во првенството. Најдобри екипи во сениорска конкуренција за 2012 г.
ЖФК „Топ-гол”
МК,,Мотостарс”
ЖКК „Пелистер”
Со нетрпение се очекуваше прогласувањето на спортистот на годината. Аплаузите и поздравите што се случија притоа беа нешто за паметење. Големиот пехар и големата плаќета, всушност, беа уште едно признание за Оливера која, со резултатите што ги оствари во Лондон, пренесе славата на Битола и Македонија ширум светот.
Не помалку заслуги за пласманот на второто место на ранг- листата на најдобрите имаше и „дамата” на кик-боксот Гордана Цветковска Бошевска, која во 2012 година оствари навистина завидни резултати, а, меѓу другото, беше и трета на европското првенство во кик-бокс.
Според оценките на Комисијата и на присустните на свеченото прогласување на најдобрите спортисти на Битола за 2012 година, пласманот од третото до десеттото место во сениорска конкуренција е заслужен на сите со оглед на тоа што станува збор за спортисти кои во своите средини важат за вредни поединци кои служат за пример и со односот и со резултатите.
Управниот одбор на Сојузот на спортови, на свеченото доделување на признанијата на најдобрите поединци, клубови и спортски работници за 2012 година, посебни специјални признанија им додели на Оливера Наковска-Бикова, за остварените резултати Во 2012 година, Силјан Мицевски, претседател на Сојузот на спортови за долгогодишна акстивност на спортското поле И градоначалникот На Битола, м-р Владимир Талески за повеќегодишна подршка и помош на активностите на Сојузот на спортови како и на спортските клубови од Битола.
















