Вера Велјановска – атлетика – најдобра меѓу најдобрите во Битола за 1973 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


ПО ТРЕТ ПАТ – ВЕРА

Вера Велјановска во 1973 година по трет пат едноподруго беше избрана за спортист на годината.

Вера Велјановска за 1973 година беше избрана за најдобар спортист и на ниво на Републиката. При изборот за спортист на годината на Македонија, за прв пат, спортските новинари немаа дилеми. Тогаш Вера Велјановска најавуваше и посакуваше на преодниот пехар нејзиното име да се врежува и во наредните години. Откако тоа се случи во Скопје, дилеми немаше и во Битола. Вера Велјановска по трет пат едноподруго беше избрана за спортист на годината и на градот под Пелистер. Резултатите што ги оствари во текот на 1973 година беа потврда дека Вера е исклучително надарена атлетичарка и дека, благодарение на советите на тренерот Илија Чукалков и помошта што секогаш ја даваше претседателот на АК „Олимпија”, Димче Миновски, се вивна во атлетското небо во Македонија и Југославија и стана личност за која се зборуваше насекаде. Каде и да настапуваше, ја нарекуваа „битолска газела” .

Какви резултати оствари Вера Велјановска во текот на 1973 година?

Учествуваше на три европски првенства, во Софија на студентското првенство, во Ситарт – Холандија на Купот на Европа и на Јуниорскиот куп во Дуизбург – Западна Германија каде што го постигна најголемиот успех, освојувајќи го шестото место во Европа на 200 м. со време од 24, 1 сек. На Балканските игри во Букурешт освои три сребрени медали на 100, 200 и 4 х 100 м. Учествуваше на тримечот Италија- Бугарија-Југославија, при што освои два златни и еден сребрен медал. На атлетскиот митинг во Скопје, на мечот меѓу Југославија и Шведска, освои две втори места – на 100 и 200 м. Учествуваше и на сите сениорски и јуниорски првенства на Југославија – во Загреб, Риека, Цеље и Белград и освои девет први места.

Вера во атлетиката оствари резултати што` уште долго ќе бидат соништа на многу други спортисти.

На ранг-листата на десетте најдобри спортисти за успешната 1973 година се најдоа и други, навистина, заслужни спортисти. 2.На второ место беше Љупчо Спировски. Во овие години листата на најуспешните не можеше да се замисли без него. Беше вистински виртуоз на белите патеки. Со осгварените резултати во 1973 година беше еден од најдобрите скијачи во Македонија. На државното првенство во Маврово освои место што му обезбеди пласман во репрезентацијата. На тримечот меrу Србија – Црна Гора – Македонија во смук, слалом и велеслалом, како и во алпски комбинации освои три први места. Беше прв на Пелистерскиот велеслалом, како и на меморијалните натпревари во Крушево и Маврово и во слалом на републичкото првенство.

3.Следен беше Драган Ивановски. За прв пат се најде меѓу десетте најдобри спортисти, но, сепак, котираше високо – на третото место. Вниманието, особено го привлече по најдолгиот лет со едрилица во Македонија, прелетувајќи ја релацијата Битола- Куманово-Битола, во должина од 243 км. воздушна nuuuja. Ce разбира, во 1973 година оствари и други резултати. 4. На пионерот – гимнастичар Пеце Смилевски му припадна четвртото место меrу десетте најдобри, благодарение на неговите извонредни резултати во 1973 г. Смилевски во Суботица, на државното првенство за пионери, го освои шестото место. На републичкото првенство во Скопје беше апсолутен првак: ги освои првите места во сите дисциплини. На отвореното првенство на Скопје, Смилевски беше најдобар поединец. 5.Петтото место го освои атлетичарот Драги Карамишев. И тој е член на АК „Олимпија. Карамишев е првак на Македонија во јуниорска конкуренција на 3 илјади метри. Најмлад натпреварувач е и на 10 илјади метри и го држи второто место во сениорска конкуренција во Македонија. Постојан е член на македонската репрезентација во сеинорска и јуниорска конкуренција. Беше единствениот од Македонија што исполни норма за државната репрезентација.

6.Скијачот Вангел Трпчевски го освои шестото место по успешната 1973 г. На државното првенство во комбинација го освои 11 место во земјата, а во смук беше петти во Македонија. Беше меѓу скијачите што оставаше видни траги и на сите други манифестации во Македонија.

7.На седмо место се пласира уште еден пионер, единаесетгодишната пливачка Билјана Дамјановска. На неколкуте републички и градски првенства освои неколку први места.

Најголем успек оствари во Струга. На републичкото првенство ги освои првите места на 50 и 100 м грбно и трето место на 100 м градно. Во П.К. „Југ” беше мету најдобрите пливачи во повеќе дисциплини.

На ранг-листата на најдобрите спортисти за 1973 година уште беа и голманот на женската ракометна екипа „Пелагонија”, Вера Мојсова, кошаркарот Никола Ивановски и фудбалерот на „Пелистер”, Пепи Упалевски. И тројцата имаа голем придонес во остварувањето на добри резултати на своите клубови.

Ранг-листа на најдобрите за 1973 г.

  1. Вера Велјановска – атлетика
  2. Љупчо Спировски – скијање
  3. Драги Ивановски – едриличарство
  4. Пеце Смилевски – гимнастика
  5. Драги Карамишев – атлетика
  6. Вангел Трпчевски – скијање
  7. Билјана Дамјановска – пливање
  8. Вера Мојсова – ракомет
  9. Никола Ивановски – кошарка
  10. Пепи Упалевски – фудбал