Младиот македонски боксер, Арабел Рустемовски забележа голем успех на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија.
Битолчанецот од овој шампионат се враќа со бронзен медал, што е негов најголем успех во кариерата, а и еден од најголемите на неговиот клуб Пелистерски Јунак.
По двете победи без загубен поен, Рустемовски беше сопрен во полуфиналето од боксерот од Ерменија, Владимир Мшецјан со резултат 4-1.
Овој медал е уште еден доказ за неговиот талент и напорна работа под водство на својот тренер Јове Петровски, како и професионалностa која што ја покажува на толку млади години.





