Божиновски и Начевски ќе им судат на Скандерборг Архус и Гранољерс

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше официјалните лица за натпреварите од петтото коло во Европската лига.

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ја ужива довербата на ЕХФ и добија нова задача. Тие се задолжени за арбитражата на дуелот меѓу данскиот Скандерборг Архус и шпанскиот Гранољерс.

Овој дуел на кој делегат ќе биде Халдорсон од Исланд е закажан за 25 ноември во „Дурсландс Арена“ во Архус од 18:45 часот.