Дерби уште на стартот, Пелистер волеј го пречекува првакот во Битола

Одбојкарската федерација на Македонија ги одреди паровите за новата сезона 2025/26. Познат е календарот, кој уште на стартот нуди дуел на Пелистер волеј, значително засилен од минатата сезона, и првакот Јанта волеј.

Распоредот на Пелистер волеј во првенството:
11.10 – Пелистер Волеј – Јанта Волеј
18.10 – Пелистер Волеј – Ускана В.
25.10 – Наковски В. – Пелистер Волеј
01.11 – Пелистер Волеј – УГД
08.11 – Работнички – Пелистер Волеј
15.11 – Пелистер Волеј – Струмица
22.11 – Фит Фан – Пелистер Волеј
29.11 – Пелистер Волеј – Газели В.
06.12 – Вардар Ем – Пелистер Волеј

Според Пропозициите за натпреварување, дамите во есенскиот дел од сезоната играат двокружен бод систем, дома – гости. По комплетирањето на лига натпреварувањето првите осум екипи играат во четвртфиналето од плеј-офот во два добиени натпревари, од кои ќе се добијат полуфиналистите од првенствениот плеј-оф, односно екипите кои ќе играат за шампионскиот пехар.

Екипата која ќе заврши на деветтата позиција на табелата игра бараж со второпласираниот тим во Втората лига жени за опстанок во прволигашкото друштво. Последнопласираната екипа во првенството, пак, во следната натпреварувачка сезона ќе се натпреварува во Втората лига.