Марија Димовска носи злато од „Трофејот на Белград“ во кик-бокс

Македонските кик-боксери го завршија настапот на Балканскиот куп „Трофеј на Белград“ со 42 медали – 11 златни, 6 сребрени и 25 бронзени.

Марија Димовска од КБК Енерџи од Битола е избрана за гала борбата на вечерта и истата заврши со освоено злато на битолчанката во дисциплината лоу-кик – постари јуниорки до 65 килограми.

Најтрофеен македонски клуб е КБК Шампион од Скопје со освоени вкупно девет медали – 3 златни, 1 сребрена и 5 бронзени медали и во севкупниот пласман е третопласиран во конкуренцијата од 60 клубови од регионот. Сепак, со многу медали се враќа во Битолаи КБК Енерџи, кој има седум освоени одличја од ова натпреварување.