Новаци донесе уште едно ново име за новата сезона и потпиша договор со Никола Талески.
Се работи за 21-годишен напаѓач кој доаѓа како слободен откако претходно го раскина договорот со Брегалница. Се работи за играч кој има искуство и во Првата македонска фудбалска лига, иако е млад.
Покрај за Брегалница, Талески играше и за екипите на Слога Виница, Победа, Беласица и Брера Струмица.





