За првпат оваа сезона во Втората лига екипата на Новаци загуби на домашен терен. Триумф во Новаци запиша ГФК Охрид, кој славеше со резултат 0-1. Единствен стрелец на мечот беше Антонио Каланоски пред самиот крај на првото полувреме.
Екипата на Дарко Крстески креираше многу шанси, но не успеа да го најде патот до мрежата на противникот.
По ова осмо коло Новаци е деветти со 13 бода.





