Новаци триумфално се враќа од Ресен

Фудбалеирите на Новаци им се вратија на победите во Втората фудбалска лига.

Новаци ја оправда фаворитската улога и со 0-3 (0-1) славеше во дуелот со Преспа. Головите за битолчани ги постигнаа Андреј Сиљаноски, Стефан Јовановски и Мартин Андоновски. Првиот падна во 5. минута, останатите два во екстра-времето пред финишот.

Со оваа победа екипата на Дарко Крстески скокна на седмото место со 12 бода. Следната сабота, во рамките на осмото коло, Новаци го пречекува Охрид.