Откриени легендите кои ќе го играат роденденскиот натпревар

Гигантот на македонскиот ракомет, Еурофарм Пелистер пред неколку денови откри дека за крај на 2025 година организира ревијален натпревар на ветераните по повод седумдесеттиот роденден на клубот.

Битолскиот клуб потврди само дел од имињата кои ќе продефилираат во салата „Боро Чурлевски“ в сабота. Тука се легендарни ракометари од славните времиња на пелистерци како: Абдула Јусуфовски, Стевче Стефановски, Душан Новокмет, Александар Мирзамамедов, Слободан Николиќ. Златко Димитровски, Пепи Манасков, Касим Каменица, Цане Крстевски, Александар Зарков, Кире Поповски, Игор Николовски и многу, многу други.

605581316_845536281718840_2615563991378482370_n.jpg

Ревијалниот натпревар ќе биде проследен и со свечена академија, музичка програма и убав крај на 2025 година за битолската ракометна јавност.

Во неа Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата во Суперлигата, Еурофарм Пелистер 2 беше шампион во Првата лига, а младинскиот состав настапи на завршниот турнир во младинската лига на шампиони.