Пелистер елиминиран во Купот, неочекуван пораз од второлигашот Шкендија Арачиново

Познати се четири екипи кои ја продолжуваат трката за освојување на трофејот во Купот на Македониjа.

Најголемото изненадување го направи второлигашот Шкендија од Арачиново, кој успеа да го елиминира членот на елитното фудбалско друштво во земјава, Пелистер (1-0). Натпреварот беше решен во 51. минута кога Арсим Љамалари го постигна единствениот погодок за тимот од Арачиново.

Утре на програмата е дуелот меѓу Вардар и Новаци додека Шкендија Тетово четвртфиналниот натпревар против Тиквеш ќе го одигра на 19 ноември.

Претходно меѓу осумте најдобри се најдоа Детонит Плачковица по елиминацијата на Беласица и Охрид Лихнидос кој беше поуспешен од Шкупи.