Пелистерки немоќни на гостувањето кај ЖРК Вардар

Ракометарките на ЖРК Вардар запишаа очекувана победа во женската Суперлига, откако славеа против ЖРК Пелистер со 29-20.

Битолчанки имаа свои моменти на овој натпревар, но тоа беше премалку за да се надеваат на бодови од ова гостување. На паузата избраничките на Анжела Платон водеа со 16-12, а во вториот дел во кој минутажа добија сите ракометарки, комплетно го надиграа ривалот.

Предводнички во триумфот на ЖРК Вардар беа Миленкоска и Трифуноска со по пет погодоци, а кај ЖРК Пелистер осум пати погоди Тодоровска.

Во следното коло ЖРК Вардар ќе му гостува на шампионот Ѓорче Петров, а Пелистер ќе го пречека Спартак.