Пелистер волеј впиша прва победа во женскиот обојкарски шампионат на Македонија, со домашна победа над Ускана во Битола со 3-0 во сетови (25-18, 25-13 и 25-12).
Битолчанки ја оправдаа улогата на фаворит на овој дуел и немаше неизвесност во ниту еден момент. Ускана парираше само во првиот сет, а се останато беше во знакот на девојките во зелено-бела опрема.
Најдобра поентерка на мечот беше Николова со 11 поени, девет имаше Американката Мекги, додека по шест поени забележаа Трпеновска, Најдановска и Стојановска. Кај Ускана единствена расположена за поени беше Наковска со седум реализирани поени.





