Тројца ракометари на битолските клубови во младинската репрезентација

Селекторот на машката младинска селекција Наум Танески го објави списокот на повикани ракометари за претстојната ЕХФ недела. Стружанецот ги повика Ајдин Фехми, Лука Ѓорѓиевски и Александар Славков од битолските клубови.

Во рамки на ЕХФ неделата нашите млади ракометари ќе одиграат две контролни пријателски средби против сениорската селекција на Словачка.

Наптреварите се предвидени да се одиграат на 30 октомври во спортската сала „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот и на 1 ноември со почеток во 14:00 часот.

Собирот на ракометарите ќе се одржи на 27 октомври (понеделник) во 12:00 часот во Хотел Русија.