Со оглед на обврските кои им следуваат во текот на наредната седмица, кошаркарите на Пелистер својот меч од второто коло, оној против екипата на Чаир 2030 ќе го одиграат ден порано од превидениот термин.
Во петок навечер, од 19:00.часот во салата „Боро Чурлевски“, „пелистерци“ ќе се обидат да дојдат до вториот триумф во новата првенствена сезона. По успехот на премиерата против Работнички во Скопје, битолчани пред себе имаат екипа која, за разлика од нив, загуби во првиот круг од МТЕЛ Супер лигата, која во меѓувреме доби уште некои нови играчи.
В среда од 19:00 часот екипата на Борче Даскаловски игра против Цедевита Јуниор во рамките на првото коло од групната фаза на ФИБА Европа Купот.





