Пелистер со шест гола го декласира Детонит Плачковица

Пелистер го следи чекорот на лидерот Охрид и попладнево извојуваа уште една убедлива победа. Во Битола гостуваше екипата на Детонит Плачковица, која на крај си замина со шест гола во својата мрежа (6-1). За битолчани ова беше седма овосезонска победа и има уште три ремија, додека Детонит го забележа петтиот пораз. 

„Зелено-белите“ убедливата победа ја најавија уште во раната фаза од натпреварот, откако резултатот го отвори Мартин Мирчевски, а нешто подоцна свој гол-првенец постигна младиот Јаков Пресилски за 2-0. Со овој резултат се замина на одмор, а во вториот дел пелистерци дополнително го засилија темпото и постигнаа уште четири гола. Стрелци беа Ивановски, Христов, Стојанов и Тасев.