(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)
2010 – ГОРДАНА – КАКО ВЕРА
Изборот на најдобрите спортисти за 2010 година се одржа во почетокот на 2011 година во „Епинал”. За спортист на Битола за 2010 година беше избрана Гордана Цветковска Бошевска. Во сениорска конкуренција екипно прва беше РК „Пелистер” а во јуниорска – екипата на КК „Младост”.
Ранг-листа на најдобрите сениори за 2010 г.
- Гордана Ц. Бошевска -КК „Самурај”
- Тони Бошевски – КК „Самурај”
- Владица Брдаровски – ФК „Пелистер”
- Златко Димитровски – РК „Пелистер”
- Христијан Илиевски – МК „Пелистер”
- Зоран Лазаревски бодибилдинг
- Александар Најдовски БК „Пелистер’
- Тања Велјановска – АК „Олимп”
- Иван Крстевски -ДГС „Партизан”
- Симона Николовска -ЖФК „Топ-гол”
Брачната двојка Гордана и Тони Бошевски и овојпат го привлекоа вниманието на битолската и пошироката јавност со успесите што ги остварија на домашен и меѓународен план. Дека и двајцата не случајно се на врвот на ранг – листата на најдобрите во оваа година ќе се види и следната година. Континуирано, особено Гордана, бележи видни резултати кои ја искачија на висините на популарноста во Битола.
Од третото до десеттото место, главно, се пласираа спортисти од т.н. колективни спортови кои со своето залагање и резултати придонесоа многу за афирмацијата на своите клубови.
И оваа година се потврди сознанието дека младите сили тропаат на вратата желни за успеси и афирмација. Меѓу најдобрите надежи за 2010 г. се најдоа:
- Мартина Боглевска
- Владимир Петровски
- Христијан Драгарски
- Александра Караицковска
- Мартина Шипинкаровска
- Ана Ивановска
- Милена Крстевска -Димитар Кимовски
- Теодора Шаклевска
- Елена Цветановска
- Марија Трајковска
- Александар Жоглев
- Драган Думевски
Во сениорска конкуренција, за најдобра беше прогласена екипата на РК „Пелистер”, а кај јуниорите најуспешна беше екипата на КК „Младост”.
И овојпат, посебно признание ѝ беше доделено на Оливера Наковска-Бикова, која повторно оствари видни резултати на меѓународен план.
Признанието тренер на годината му припадна на селекторот на ракометната репрезентација Звонко Шундовски.
Не беше заборавена воспотавената традиција, признанија да им се доделуваат на заслужни педагози по физичко воспитување. Овојпат признанијата отидоа во рацете на Вера Велјановска и Благој Митревски.
Признанија за заслужни спортски работници во 2010 година им беа доделени на боксерскиот државен и меѓународен судија и поранешен успешен боксер, Цане Георѓиевски и на Миливој Груевски, заслужен за развојот на стрелаштвото во Битола и Републиката. Посебно признание доби и навивачката група Чкембари” по повод 25 – годишнината од своето постоење.
Соодветни признанија за развојот и унапредувањето на спортот и физичката култура им беа доделени на училиштата ,,Коле Канински” и “Таки Даскало”











