Абдула Јусуфовски (ракомет) / Златко Пецаковски (борење) – најдобри меѓу најдобрите во Битола за 1981 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


1981 – НА ПИЕДЕСТАЛОТ – ДВАЈЦА

При изборот на најдобрите спортисти за 1981 година, за прв пат се случи комисијата на СОФК-а да се најде во дилема кому да му ја додели титулата спортист на годината на Битола. На крајот беше одлучено, првото место да го поделат ракометарот Абдула Јусуфовски и борачот Златко Пецаковски.

Ранг-листата изгледаше вака:

  1. Абдула Јусуфовски (ракомет) / Златко Пецаковски (борење)
  2. Шериф Рустемов (бокс)
  3. Ице Ристевски (велосипедизам)
  4. Тони Решњак (џудо)
  5. Зора Велкова (кошарка)
  6. Весна Ристевска (шах)
  7. Снежана Колевска (стрелаштво)
  8. Љупчо Стојменов (скијање)
  9. Јорго Огненовски (карате)

Во екипна конкуренција на второ место беше екипата на РЕК „Битола” за освоеното прво место во Регионалната лига и моментната прва позиција на табелата во Меѓурегионалната лига.

На третото место се најде алпинистичката секција на ПСД „Пелистер”.