Новиот тренер на Пелистер, Милан Стојановски денес ќе дебитира на клупата на битолчани. Тој ќе го води тимот на дуелот со второлигашот Шкендија Арачиново, во рамките на осминафиналето на Купот на Македонија.
Фудбалската федерација на Македонија веќе ги одреди официјалните лица за овој натпревар.
Шкендија Арачиново – Пелистер
стадион Сингелиќ | 21.10.2025 | 14:00
Судија: Димитар Пилешков
- помошен судија: Кристијан Џонов
- помошен судија: Зоран Саздовски
Четврти судија: Здравко Костовски
Делегат: Антонио Насевски
Контролор: Јосип Бартон





