Кузмановски: Зад оваа награда стои титула, моето семејство, моите соиграчи и градот Битола!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и на тимот на Пелистер, Филип Кузмановски е прогласен за ракометар на годината за 2025 година. РФМ вчера на свечена церемонија ги додели признанијата за најдобрите, а главната награда отиде во рацете на Кузмановски.

„Благодарност до федерацијата и претседателот како и до Министерството за спорт. Чест е да се биде овде пред толку многу легенди. Зад оваа награда стои титула, моето семејство, моите соиграчи и градот Битола. Благодарност до сите“, изјави Филип Кузмановски.

Ракометарите им се враќаат на клупските обврски, а наскоро се враќа и Лигата на шампионите со уште четири натпревари до крајот на годината