Првите две кола од пролетниот дел на Втората фудбалска лига најавуваат голема битка за промоција во повисок ранг.
Од трката за највисок пласман не се откажува ниту екипата на Новаци, која на свој терен му зададе удар на Кожуф триумфирајќи со еден постигнат гол (1-0). Трите бода ги донесе Стефан Јовановски во 24. минута од мечот.
По седумнаесет одиграни кола Охрид останува лидер со 40 бода, Шкендија има 39, Брегалница 36, Скопје 35, додека Новаци 33 бода.
Во следното коло Новаци во вторник гостува кај Вардар Неготино.





